Skip to main content

Во нови простории продолжува успешната приказна на Охридска Банка

Охрид е во фокусот на нашето внимание, инвестирајќи во реновирање на стариот објект на седиштето на Охридска Банка во Охрид ја зајакнуваме позицијата на банката на локаниот пазар во регионот, истакна претседателот на УО Бранка Павловиќ. Синоќа со пригодна свеченост беше пуштена во употреба реновирата зграда на банката во Охрид, во присуствуво водечките луѓе на банката, гувернерот на Народна Банка на Македонија како и клиенти, соработници и пријатели.

 |  Николоска Биљана  | 

Празнична вечер на Охридска Банка. Еден од симболите на современиот Охрид е зградата на централата на Охридска Банка. Денес, таа е реновирана, обновена, енергетски ефикасна и  доследна на својата цел. Ова беше истакнато на вчерашното свечено отварање и сечење на цервената лента во новите простории.

Со тоа што инвестираме во Охрид одаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во место каде што се корените на Охридска Банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот. Со речиси 20 000 клиенти физички и правни лица кои го гарантираат деловниот потенцијал, Охрид е во фокусот на нашето внимание“ – вели Бранка Павловиќ претседателот на УО на  Охридска Банка.

„Сосиете Женерал“, ширум светот оддава посебна грижа, внимание и поддршка на локалната заедница. Во рамките на тоа Павловиќ, на директорот на општа Болница Охрид, д-р Љубен Арнаудов му врачи донација од 3 500 евра.

Пријатно сме изненадени од овој гест, со тоа покажаа дека Охридска Банка е банката на нашиот град. Донацијата од 3 500 евра ќе ги намениме во купување на нова здравствена опрема“ – истакна Арнаудов.

Свое обраќање имаше и директорот на „Сосиете Женерал“, групацијата за Европа, г-динот Џанлука Соно. Тој кажа дека реновирањето на старото седиште на „Охридска банка“ има големо значење, за туристичкиот бисер.

„Јас не зборувам македонски, но ќе се разбереме, малку е чудно вака облечени во костуми и вратоврски а да се сретнеме на вакво прекрасно место за одмор, но овде имаме убав повод да презентираме зграда која има реновиран и обновен изглед. Со нејзиното реновирање сакаме да потврдиме уште еднаш дека станува збор за значајна членка на нашата групација и да ја потврдиме нашата приврзаност кон стратегијата. Сакам да им честитам на колегите кои се вработени во Охридска Банка за успесите кои што досега ги потврдуваат. Како „Сосиете Женерал“ присутни сме веќе 8 години и во присуство на гувернерот на РМ сакаме да потврдиме дека остануваме посеветени на Охридска Банка како членка на нашата групација“- изјави Соно.

Банката расте, се грижи за својот имиџ, за своите вработени и условите во кои работат, како и за своите клиенти, истакна, гувернерот на НБ на РМ Димитар Богов. Додаде дека Охридска Банка е почитувана во банкарскиот сектор која добро се развива чекор по чекор и влезена е во групата на големи банки, а нејзината профитабилност од година во година е се подобра.

{loadposition content9}