Skip to main content

9 лица завршиле на охридската хирургија по тепачка во кафе бар

9 лица  завршиле на охридската хирургија по тепачка во кафе бар.

 |  Валентина Неловска  | 
bolnica

bolnica9 повредени во тепачка само во текот на изминатата ноќ во угостителски објект во Охрид. Синоќа по полноќ на хируршкото одделение, завршиле 9те лица со полесни телесни повреди. По укажаната хируршка  интервенција тие се пуштени дома. Охридските хирурзи деновиве имаат полни раце работа. Покрај интервенциите врз повредени во сообраќајни несреќи,  и други различни несреќни случаи, охридските хирурзи секојдневно  интервенираат врз повредени во тепачки кои во Охрид како туристички центар ги има почесто.

„ Последните неколку дена се зголемени случувањата. Има повеќе несакани настани по угостителските објекти.Тие резултираат со повредени пациенти  кои доаѓаат тука сите се успешно згрижени и  посериони повреди не се приметени“, информира директорот на болницата Љубен Аранудов.

ohridГоце Каневче, началник на хируршкото одделение при охридската ЈЗУ „Општа Болница“,  информира дека на нивното одделение  во изминатиов месец обемот за работа се зголемил за над 50 проценти. Хирурзите  се соочуваат со сериозен проблем  со дежурствата, во ноќна смена работи еден хирург и една медицинска сестра, па тешко издржуваат  во услови на зголемен број на интервенции, посочува д-р Каневче.


„ Имаме и по 30 -40 случаи во тек на 18 часовно дежурство, а за 24 часа и многу повеќе. 30-40 случаи не знам кој човек може да го издржи  тој напор и плус евиденцијата во компјутер да се евидентираат сите интервенции“, напоменува хирургот Каневче.

Инаку, за  синоќешната тепачка, од СВР Охрид не излегоа со изјава или соопштение со детали за инцидентот. Само кусо соопштија  дека работат  на идентификација на сите инволвирани лица во настанот. Се утврдувале сите околности со настанот во кафе барот  и против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави.  Информират дека  повеќе детали ќе соопштат утре.