Skip to main content

Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро

Научниците не го подржуваат Предлог законот за легализирање на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас. Сметаат дека негативно ќе се одрази врз идниот опстанок на езерото. И од Министерството за животна средина и просторно планирање не дале зелено светло за ваквите измени во  Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zastita ezero

Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид.  Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, ќе можат да поднесат барање за легализација, нова главоболка за еколозите.


Ова многу негативно ќе се одрази врз езерото бидејќи тие градби се во строго заштитена зона и сметам дека овој предлог закон се донесе избрзано и непромислено, тврди Д-р Талевски.ezero


На брегот на Охридското Езеро во Охрид и Струга неофицијално има околу 150 куќи изградени пред 20, 30 па дури и пред 50 години кои ќе можат да го решат правниот статус со новите измени. Талевски вели дека со тоа ќе се направи добро на сопствениците но ќе се направи лошо за идните генерации кои доаѓаат после нас и кои треба да ги користат благодетите на езерото.ezero


Ова е класично протежирање на некои сопственици кои ги изградиле објектите нелегално. Ова не е некоја ледина каде се е дозволено. Ова е строго заштитена зона каде не смееме да правиме што сакаме, дециден е Д-р Талевски.


Талевски потсети дека во соседна Албанија на потегот од Тушемиште до Поградец сите градби кои се наоѓаа во појасот од 50 метри од брегот  на езерото се срушени и тоа не само оние кои биле нелегално изградени туку и оние кои имале дозвола за градба, но се наоѓале во овај појас. Ова е пред се поради интенцијата на Албанија Охридското езеро и од албанска страна да се стави под УНЕСКО.

Албанија ќе го реши проблемот со дивоградбите во заштитениот појас, а ние ги легализираме. Не знам како УНЕСКО ќе реагира на ваквата одлука, вели Талевски.


Покрај од научната јавност побаравме мислење и од Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со  предложените измени на законот за легализација на дивоградби.  Од таму писмено ни одговорија дека до министерството досега не е доставено барање за мислење во врска со Предлог законот за изменување и доплнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти кој е поднесен како иницијатива на група пратеници  директно во Собранието на РМ.  Од таму посочуваат дека МЖСПП дало негативни мислења на претходни иницијативи за измени на овој закон. И додаваат дека  се на мислење дека секој поединечно изграден објект во крајбрежниот појас на езерата и акумулациите за кој се одобрува легализација, треба да се достави на мислење во МЖСПП за да може да се утврди дали бесправно изградените објекти и нивното користење доведуваат до нарушување и оштетување на водостопанските објекти, од што ќе зависи и какво ќе биде мислењето. Во однос на понатамошното постапување, Министерството ќе постапува согласно постоечката правна регулатива.

{loadposition content9}