Skip to main content

Нервоза, пад на концентрација, намалена способност за расудување-дел од ефектите на бучавоста

Според д-р Јулија Василеска, секоја бучава над одредена висина на децибели создава потешкотии кај луѓето, не само оние кои се непосредно изложени на истата туку и оние кои пасивно мора да ја трпат таа бучавост.

 |  Мишел Наумоски  | 
bucava

Големата бучава која ја создаваат кафе баровите и угостителските објекти лоцирани на плажите на охридската ривиера, за голем дел од граѓаните значат бројни непроспиени ноќи. Изложеноста на зголемена бучава во текот на подолг период пак штетно влијае врз психофизичката состојба на човекот велат од Одделот за невропсихијатрија при Општата болница од Охрид.

bucavost kafici„Што се однесува до бучавата од локалите, велат дека еден рок концерт има бучава од 120 децибели. Таа бучава еден нормален човек може да ја издржи 30 минути, се што е над 30 минути тоа веќе создава потешкотии, особено потешкотии, еден вид на напнатост и зголемена допаминска активност. Такви рок концерти немаме секојдневно не станува збор за таква бучава но се што е над 90 децибели бучава, а тука спаѓаат сите оние музики што ги пуштаат по ноќните клубови и кафулиња доколку трае подолго од 2 до 3 часа секако влијае на будноста кај населението.“-вели д-р Јулијана Василеска, од Одделот за невропсихијатрија.

И можеби маката на охриѓани немаше да биде толку голема, ако тие не мораа после непроспиената ноќ исполнета со гласна музика, наредниот ден уморни да ја започнат работната недела.

glasna muzikaРефрените и звуците кои ги слушате во позадина се препознатлива слика за Охрид во екот на летната туристичка сезона. Еуфоријата во наредниве часови станува се посилна на задоволство на бројните гости, но се чини задоволството не го делат и граѓаните кои живеат во овој дел на градот, а кои за некој час треба да се разбудат и заминат на работа, секако ако успеат да склопат око во меѓувреме.

Според д-р Јулија Василеска, доколку изложеноста на бучавост се случува секоја вечер, ноќ за ноќ, континуираната изложеност на високи децибели негативно се одразува на психолошкото функционирање на индивидуата.

psiholoski efekti na bucavost„Она што зборуваме за луѓето што пасивно мора да ја истрпат таа бучава, доколку е таа во подолг континуитет, прво она што се јавува е пореметен сон, пореметениот сон после влијае и на севкупната фунцкионалност наредниот ден, доколку сонот е пореметен ден за ден, ноќ за ноќ секако дека тоа ќе се одрази врз конгнитивните способности, а што значи тоа, способност за расудување, способност за паметење, способност за задржување на меморија на квалитет на разно разни активности што ги има, секако има луѓе на одговорни функции каде степенот на будноста треба да е во секое време зголемен, голем и видлив, тука можеме да приметиме некој пад во функционалноста.“-рече таа.

Охриѓани во текот на летната сезона, особено во нејзиниот ек, се соочени со тежок избор, да стиснат заби и да ја издржат бучавата, мирниот сон и тишината да ги побараат подалеку од градот или пак да почекаат надлежните да си ја извршат својата работа и да се справат со оние кои создаваат неподнослива бучавост и ги оставаат без сон своите сограѓани.