Skip to main content

Едриличарите од Охрид подготвени за илинденската регата

Десет млади едриличари, ќе го претставуваат Охрид на државното првенство по едрење, кое ќе се одржи утре во рамки на традиционалната илинденска регата. Очекувањата на врвните луѓе од клубот се големи. Веруваат дека и покрај тоа што прв пат настапуваат, ќе обезбедат еден од медалите.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридското езеро утре ќе белее од едрилици. Се е подготвено за  традиционалната 46та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска, како што појасна претседателот на ЕК „Бофор“ и тренер во „Акватика“, Славчо Мошоски.

„За ова натпреварување се подготвуваме веќе три недели, во тој период имавме школа за едрење, во која што школа поминаа 25 деца и најдобрите 10 ќе земат учество во утрешната регата и нашите очекувања се тие да стекнат едно поголемо искуство, да бидат сведоци…. Ова за нив е прв ваков настан очекуваме да се покажат во на најдобро светло и да освојат медал“ -вели Мошоски.

За прв пат годинава сурферските вештини на илинденската регата ќе ги покажат скопските сурфери на даска. Станува збор за авантуристички, спорт кој сега е достапен во Македонија и како што кажа Зоран Станкоски од клубот Аква- Тера, се што им било потребно ветар, опрема и водена површина го имаат.

„Се трудиме овој спорт да го промовираме како актуелен, затоа што во светски рамки станува се позастапен а ние се трудиме да сме во чекор и во тренд со времето и со спортовите на вода“

Во Охрид има идеални услови за едрење. Досега  едриличарите од  „Бофор“ едреа само во летниот период а отсега па натаму ќе едрат и во зима бидејќи од годинава им се подобриле условите со доаѓање во новата база на плажата Горица, информираат раководните луѓе од клубот. Инаку во моментов ЕК нема никаква поддршка од локалната власт, засега помош добивале од приватни фирми онолку колку да можат да функционираат.

{loadposition content9}