Skip to main content

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

Голем дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк.

 |   | 

 

Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на дефектот, но не можеа со сигурност да кажат дали состојбата ќе се среди во текот на денешниот ден.

Дополнително на терен голем проблем им создавале корењата од дрвјата кои биле продрени и во шахтата. Интервенцијата на екипите е отежната и поради непристапниот терен обраснат со капини и трња за што биле ангажирани машини за расчистување на вегетацијата со цел до местото на дефектот да пристапи цистерната за отпушување на канализацијата.

 

 

{loadposition content9}