Skip to main content

На Охрид му е потребен ургентен центар

 На Охрид му е потребен ургентен центар.

 |  Валентина Неловска  | 
bolnica

bolnicaВо Охрид како туристички центар, новото време на живеење ја наметнува потребата од формирање на ургентен центар во Охрид, вели Љубен Арнаудов директор  на Општа болница. Досегашните анализи на охридската болница  покажуваат дека Охрид има потреба од една ваква установа, додава Арнаудов. Екипи со специјалисти за ургентна медицина, при  брзо интервенирање  ќе дијагностицираат и ќе интервенираат кај пациентите. Тие ќе ги упатуваат  пациентите дали им треба понатамошно лекување или ќе бидат пуштени дома, напоменува д-р Арнаудов. Иницијативата за ургентен центар треба да ја потегнат охридските советници, а  општината да направи проценка за таа потреба, напоменува д-р Арнаудов. Појаснува дека во моментов настраданите  пациенти во сообраќајни несреќи или при поголеми масовни тепачки повредените се згрижуваат на неколку одделенија во општа болница,  покрај хирургија, и на интерното и инфективното одделение.

„ Се најавува една нова проблемтика, неминовно во  градот е потребен ургентен центар кој сите овие работи ќе ги решава затоа што е во негов домен. Што се случува на хируршките одделенија. Покрај тоа што ќе се згрижат пациентите во тие гужви, пациентите на кои им треба мир и посебен третман во таа итност се запоставени и вознемирени,“ информира д-р Арнаудов.

d-r arnaudovУште еден проблем со кој се соочува охридската болница е недостигот на  доктори специјалисти од одредени области на медицината. Директорот потенцира дека недостигот од  анестиолози го решаваат со ангажирање на овие специјалисти од Струга и Битола. Во време на годишни одмори пак, недостигот од лекари го  решаваат  со утврден план за делување на медицинскиот персонал во случаи на итност.

„ Со екипи сме подготвени иако дежура по еден  специјалист по одделенија. Но по потреба има доктори на повик по распоред кој е за 2 месеци однапред направен. Точно е дека има одмори, но колегите по распоред си знаат со новите припреми во колку сатот и на кое место треба да бидат во текот на денот и  проблеми нема“, додава Арнаудов.

Директорот на охридската болница за ТВМ изјави дека вчерашниот ден во нивната болница, кога Охрид беше преплавен од туристи,  поминал мирно.