Skip to main content

Кој валка ,а не плаќа – ќе чисти

Осумдесет и четири охриѓани кои се огрешиле од Законот за јавна чистота ја исплатиле својата казна со извршување на општо корисна работа.

 |  Валнетина Нелоска  | 
trska
трска
Осумдесет и четири охриѓани кои се огрешиле од Законот за јавна чистота ја исплатиле својата казна со извршување на општо корисна работа.

Тие со екипите на  јавното претпријатие Комуналец ги одработиле часовите потребни за добијат потврда како доказ за извршената работа.

Читење на депонии, собирање на пластика и хартија,   метење на лисја се само дел од работите кои ги извршувале граѓаните  кои одбиле казната да ја платат во готово.

pejsazГраѓаните кои заработиле казни по разни основи, со општо корисната работа биле ангажирани во чистење на централнот градско подрачје, крајбрежниот појас од  потегот на мостот до хотел Парк, во туристичките населби Св. Стефан и Пештани. Биле отстранети  и неколку депонии, а во две акции биле  чистени  и речните  корита  на Сушица и Грашница. Во ценовникот на ЈП Комуналец  еден час метење или чистење на депонија изнесува 50 денари,  косење трева 80 денари, а чистење на речно корито 125 денари, а додека чистење снег, еден час чини 70 денари. За да се добие потврда до институцијата каде што е напишана казната, граѓаните треба да одработат општо корисна работа во траење од 61 час.
Од  22 септември кога на сила стапи Законот за јавна чистота, па се до денес само полицијата изрекла над 533 казни.

 

 


{loadposition content9}