Skip to main content

„Охридско лето“ дел од фестивалската елита

Во црквата  Св.Дух  во Котор, Црна Гора, на  иницијатива на меѓународниот фестивал  КоторАрт беше  потпишана Которската  иницијатива,  Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали:  Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и  Охридско лето (Македонија).

 |  Голабовски Крсте  | 
kotor

Во црквата  Св.Дух  во Котор, Црна Гора, на  иницијатива на меѓународниот фестивал  КоторАрт беше  потпишана Которската  иницијатива,  Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали:  Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и  Охридско лето (Македонија).

Спогодбата  ја потпишаа  Ратимир Мартиновиќ (директор на  которАрт  Дон Бранкови денови на музика и  координатор на  сите програми на КоторАрт),  Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на  Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета  Јанкуловска (директорка на Охридско лето).Целта на потпишувањето на меморандумот Которска иницијатива е  остварување на подобар дијалог и интензивирање на соработката помеѓу фестивалите , како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.

memorandumНа потпишувањето на спогодбата присуствуваа и министерот за култура на Република  Црна Гора Павле Горановиќ, министерот за култура на Република Хрватска Берислав Шипуш и секретарот на  Директоратот за  творештво при Министерството за култура на Република Словенија др. Матјаж Шекорања, кој со своето присуство даде силна поддршка на поврзувањето на репрезентативните фестивали, и  плодна регионална размена и соработка во областа на културата.
За директорката Елизабета Јанкуловска  потпишувањето на овој меморандум претставува голема чест и задоволство.

Според неа оваа соработка ќе овозможи подобро претставување на полето на уметноста и културата, ќе обезбеди подобри преговарачки позиции, заедничко претставување на светската културна сцена, копродукција и размена на проекти и програми  со цел меѓународно зголемување на рејтингот на фестивалите.

-Ова за сите нас ќе значи огромна можност за да ги достигнеме највисоките врвови на музичката и театарската уметност во светски рамки, гледана во творечка и во исполнителна смисла. Поврзување на фестивалите ќе значи и побогата репертоарска програма, заедничко преговарање,  продуцирање и претставување на настани кои ќе може да се прикажуваат и надвор од нашите граници, односно програмско и деловно поврзување за обезбедување на подобри услови и повеќе финансиски средства, смета директорката на Охридско лето, Јанкуловска.