Skip to main content

„Година без лето“ најдобра поетска книга меѓу две изданија на СВП

Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра збирка поезија на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година.

 |   | 

Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра збирка поезија на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. За книгата „Година без лето“ на Танчева Златева, претседателот на жири комисијата проф. Зоран Анчевски истакна дека ненаметливо но мошне успешно се појавува како видно освежување во годинешната поетска продукција.

Иако постојано присутно на македонската поетска сцена од последната деценија на минатиот век и почетокот на новиот милениум Танчева Златева се чини дека токму со оваа поетска книга самоуверено го гради своето место во совремнената македонска поезија. Поетскиот јазик на Танчева Златева се издига на едно завидно високо рамниште што во моментов ја прави еден од најинтересните и најзрелите поетски гласови во современите текови на нашата поетска продукција.“- кажа Проф. Зоран Анчевски претседател на стручната жири комисија.

Во потесен избор за престижната награда Браќа Миладиновци, влегоа „Кино Утро“ од Јовица Ивановски, „Слики“ од Гордана Михаилова Бошнаковска, „Се случува вечност“ од Радован Павловски, „Година без лето“ од Виолета Танчева Златева, „Премостување на мигот“ од Тодор чаловски. Изборот на Година без лето бил едногласен.

Поетесата Виолета Танчева-Златева изјави дека е премногу возбудена и среќна за да може да срочи говор. Им се заблагодари на членовите на жири комисијата кои ги препознале вредностите во нејзината збирка. Се заблагодари и на своето семејство кои и ја даваат најголемата поддршка и на љубителите на нејзината поезија.

Инаку на годинешниот конкурс за оваа значајна награда од ранг на национална награда за поезија пристигнале рекорден број книги, дури 50. Меѓу нив и поетски збирки од повеќе етаблирарни македонски автори но и многу книги од млади автори што го потврдува постоењето и доаѓањето на нови гласови во македонскиот поетски простор.

{loadposition content9}