Skip to main content

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот ловоров венец.

Се чуствувам прекрасно. Ова е најдоброто што може да му се случи на еден маратонец. Да победи и тоа пред своја публика во својата држава и во Охрид кој за мене е посебен град како што и оваа трка е посебна, изјави Поп-Ацев по трката.

Инаку на некаде на средина на патеката кај Градиште водеше младиот Александар Николовски, зад него беа Поп-Ацев и Стефановски кои држеа темпо.

Бев малку скептичен и несигурен во мојата форма па до половина на трката пливава со резерва чувајќи ја силата за подоцна. После четири часа поминати во вода сфатив декасилата ми се враќа и дека можам да бидам прв во оваа трка, вели Поп-Ацев.

Идеалните временски услови и мирното езеро кои и одеа во ползна на светската пливачка елита на почетокот на трката брзо се променија и ветрот и брановите им правеа проблеми на маратонците се до самиот финиш.

Оваа тркла  на почетокот беше полесна, сите пливачи се штедеа и тактизираа но на крај беше многу тешко бидејќи моравме да се бориме и со големите бранови кои се појавија поради ветрот, но сето тоа се заборава и ќе го памтам само убавото од овој маратон,  кажа Поп- Ацев.
 
Со денешната победа  Поп Ацев  ја зазеде водечката позиција во генералниот пласман со 38 бода на Гран-при серијата на отворени води на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) пред последниот маратон, Карпи- Неапол, кој ќе се плива следниот викенд. Тој за победата ќе добие и 2.000 американски долари. На второто место на 29тото издание на охридскиот пливачки маратон заврши Дамјан Блаум од Аргентина, додека на трето место е ветеранот Томи Стефановски. Но овие резултати се уште се неофицијални, бидејќи судиите од ФИНА треба да ги верификуваат. Во женска конкуренција победи Аличе Франко од Италија, која патеката ја исплива за 5часа 44минути 03 секунди.

{loadpositon content9}