Skip to main content

Голем интерес кај дипломираните средношколци за упис на универзитетот „Св.Апостол Павле“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ со 30 проценти поголем број на запишани студенти во првиот уписен рок.

 |  Мишел Наумоски  | 
uist

Рекорден број на запишани студенти во првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Таму бележат пораст од 30 проценти запишани студенти, а според интересот кој бил покажан кај дипломираните средношколци, од универзитетот велат дека очекуваат ваквите бројки да се повторат и во останатите уписни рокови.

univerzitet sv.Apostol Pavle„Најголем интерес имаше на програмата за компјутерски науки и инженерство, тоа е таа општа програма што ја имаме, а воедно на неа имаме уште отприлика девет слободни места и тоа во квотата со кофинансирање. Значи пополнета е државната квота, во однос на другите студиски програми може да кажеме дека исто така има голем интерес. Има уште по неколку места во државните квоти и тоа на „Комуникациски мрежи и безбедност“, студиската програма за „Визуелизација, анимација, мултимедија и дизајн како и на студиските програми за кои што се да речам релативно понови во однос на претходниве што ги набројав, а тоа е е-бизнис, е-култура и е-влада.“-вели Елена Јовческа-Раководител на студентски прашања и ЕКТС Универзитет „Св.Апостол Павле“.

Јовческа вели дека иако најинтересна за средношколците барем според бројките е насоката компјутерско инженерство, сепак интерес има и за останатите студиски програми благодарение на иднината која универзитетот им ја обезбедува на студентите.

upisi Uist„Сите студиски програми кои што ги нудиме се доста интересни и за пазарот во странство и кај нас се доста барани. Нашите студенти кои што веќе завршија, ова е веќе четврта генерација која ќе дипломира нареднава академска година, веќе сите се или во странство или на постдипломски студии или работат или студираат. Ниту еден студент кој што завршил кај нас досега немал проблем дали со вработување, дали со постдипломски, не е важно, може да се каже дека дипломата ни е призната, и се што студираат во однос на предметите на студиските програми им е признато.“-рече Јовческа.

За преостанатите два уписни рокови, едниот на 3ти, другиот на 16ти септември остануваат слободни уште 345 места. Инаку секоја година преку Министерството за образование и Владата на Р.М, имаат и над 150 заинтересирани странски студенти. Оваа година Јовческа вели дека ќе примат околу 60 нови и 15 од минатата година кои не пристигнале поради проблеми со добивање на визи во нивните држави. Најголемиот дел од странските студенти се од Африка, но има и од Русија, Мексико, Украина, Турција и Албанија.