Skip to main content

Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати

Книгите се подостапни за охриѓани. Тие можат да си купат капитални изданија по пристапни цени и на рати и со тоа да си ги збогатат своите домашни библиотеки. НУ библиотека „Григор Прличев “ од неодамна започна со реализација на овој проект. Интересот кај љубителите на книгата за да си купат скапо издание е голем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати. Пет национални библиотеки во РМ, од Владата добиле обврска и можност да вршат продажба на книги од светската книжевност, врвни дела од светската филозофија, историја и психологија и едицијата на македонски искушенија, 130 тома македонска книжевност на англиски јазик.

Постои голем интерес за купување на книгите. Веднаш од кога објавивме за продажбата многу од нив беа купени.  Книгите можат да се купуваат поединечно, но и во комплет. Ако се купуваат во комплет тогаш може и на десет рати, вели директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“, Александра Белеска.

Просечната цена за една книга е 157ден., а подетални информации околу продажбата и воопшто работата на библиотеката можат да се добијат на веб страната  bibliotekaohrid@yahoo.com.mk.
Оваа страна е неодамна отворена, а во нејзината изработка помогнале студентите од информатичкиот факултет во Охрид.

Инаку, Белеска кажува дека има голем интерес кај охридската читателска публика и за позајмување книги од библиотеката. Во одделот за деца се зачленети 800 читатели, а во одделението за возрасни 2337.

Претежно во летниот период се чита белетристика и тоа оние најновите романи. Библиотеката постојано ги набавува најновите изданија со што ги задоволува различните вкусови на читателите, вели Белеска.

Директорката е задоволна од реализираните проекти со кои аплицирале до Министерството за култура, а како најзначаен настан кој треба да се случи во периодов што следува е преселбата во новите простории кои се наоѓаат кај некогашното Охридско лето. Тендерот за избор на најдобар изведувач на градежните работи веќе заврши. Сега ќе се разгледуваат понудите по што оној кој ќе ги исполни критериумите ќе почне со извршување на зафатите на зградата. Треба да се менува фасадата,  да се уредат внатрешните простории и да се опремат. Директорката оптимистички кажува дека се треба да заврши до Нова година.

{loadposition content9}