Skip to main content

Осветување на манастирот „Св.Илија“ во Мешеишта

Црковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија.

 |  Голабовски Крсте  | 
manastir

sv. ilijaЦрковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија.

Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир.

Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот.

Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана и културно уметничка програма со настап на групата Молика и Анета Мицевска.