Skip to main content

Oхридските земјоделци ќе можат да изнајмат дражавно земјоделско земјиште

Во Охридскиот регион под закуп се издава државно земјоделско земјиште со површина од 59 хектари и 59 ари. Максималните  површини кои  може да се добијат  со аплицирање од страна на еден понудувач изнесуваат до 10 хекатри.

 |  Валентина Нелоска  | 
traktor
трактор
Во Охридскиот регион под закуп се издава државно земјоделско земјиште со површина од 59 хектари и 59 ари. Максималните  површини кои  може да се добијат  со аплицирање од страна на еден понудувач изнесуваат до 10 хекатри.

Од подрчаната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство информираат дека огласот за земјоделското земјиште заврши денес. На огласот се пријавиле 20 заинтересирани замјоделци кои од нивното одделение подигнале документација.

OhridСтанува збор за атрактивно земјиште кое се наоѓа покрај пат во близина на селата Мешеишта, Климештани,Издеглавје, Ботун, Оздолени, Слатино. Времетраењето на закупот за  земјиште  е од 15 до 30 години. Земјоделците ќе може да подигаат  долгогодишни насади, лозја и овоштарници на 30 години.

Земјоделски култури ќе се одгледуваат на период од 15 години, а ливадите ќе се изнајмуваат на период од 15 години. Додека за изградба на рибници земјиштето ќе се изнајмува на период од 20 години, а за спортско рекреативни активности  и руралниот туризам до 30 години.

Отварањето на понудите ќе  биде за една недела.

 

 

{loadposition content9}