Skip to main content

Алкохол со сомнително потекло по пазарите и некои угостителски објекти

Алкохол со сомително потекло се продава на пазарите па дури и во некои угостителски објекти во Охрид, Струга, Вевчани. 130 литри алкохолни пијалоци и околу 3 кгр тутун привремено се задржани во Царинската управа од Битола по последната контрола. Истите не биле означени со контролни марки, а сопствениците не поседувале сертификат за квалитет, иако ги нуделе на продажба. Докторите со апел до надлежните, да вршат позасилени контроли, а од пазарите да не се купува домашна ракија.

 |  Билјана Николоска  | 

На охридскиот пазар и во рестораните се продава алкохол без бандероли. Истата појава инспекцискиот надзор ја констатирала и на пазарите и рестораните во Струга, Вевчани Прилеп, Битола, каде се продавала домашна ракија, коњак, виски, узо и аквавит без бандерола, како што соопшти Царинската управа, до Битола. Имено, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки, во средата и четвртокот спровеле акција на повеќе зелени пазари како и во малопродажни угоститески објекти кои вршат промет со акцизни добра . Во пет случаи од физички лица што продавале на зелените пазари во споменатите општини, привремено биле задржани 112 литри домашна ракија, три литри коњак и 2,8 килограми режан тутун. Во шест угостителски објекти е утврдена нелегална продажба на алкохол, пришто привремено се задржани 13 литри ракија и 1,5 литри други алкохолни пијалоци – виски, узо и аквавит.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки. Од таму со апел до граѓаните да внимаваат, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето. А ова го потврдуваат и специјалистите по хигиена и здравствена екологија.

„Алкохолот иако е легална дрога, во многу земји и кај нас, тој мора лабораториски да биде испитан за да се пушти во продажба.  Ракиите што се продаваат по пазарите се несигурни алкохолни пијалоци затоа што може да содржи цијанидна киселина, тешки метали, алдехиди и метил алкохол кој што е смртоносен. Значи алкохолот значи не предизвикува само поспаност, летаргија и друго, туку може да доведе и до смрт“.- вели д-р Лидија Симоноска – спец. по хигиена и здравствена екологија.

Метил алкохол ни случајно не смее да го има во алкохолот кој се пие, категорична д-р Смоноска. Додаде дека ракијата која ја нарекуваме препир богата е со метил алкохол и не се препорачува за пиење. Д-р Симоноска упати апел до Агенцијата за храна и ветеринарство и до инспекциските служби, од сите производители и продавачи на ракија да се земе примероци, бидејќи не се знае што се продава по пазарите. Таа тврди дека во нивната служба ништо не било донесено за испитување. Но посебно нагласи на што треба потрошувачите да обрнат внимание.

„Најдобро е да не купуваат од пазари, да си купуваат од продавници каде што се лиценцирани за продажба на алкохол и во секоја продавница или маркет не може да се продава алкохол ако нема лиценца од нашава држава, од министерството, да се почитува Законот за трговија“- изјави д-р Симоноска.

д-р Симоноска потенцираше дека алкохолот содржи етанол а во суштина етанолот е алкохол. Етанолот се вбројува во дроги и депресивни сретства. Тие депресанти предизвикуваат длабока релаксација и предизвикуваат различни реакции, некои ги тера на кавга, други пак на смеење а некои спијат, вели Симоноска. Исто така етанолот предизвикува и апатија и летаргија, односно незаинтересиранот за околината бидејќи го инхибираат одговорот на централниот нервен систем.

{loadposition content9}