Skip to main content

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат.Според Борис Ерг од Меѓународната Унија за заштита на природата, инфраструктурните проекти не се единствен начин на обезбедување на локалниот развој.Постојат глобални стандарди за тоа како треба да се управува со заштитените подрачја, односно стандарди за добро управување со националните паркови.

 |  Мишел Наумоски  | 

Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат.Според Борис Ерг од Меѓународната Унија за заштита на природата, инфраструктурните проекти не се единствен начин на обезбедување на локалниот развој. Постојат глобални стандарди за тоа како треба да се управува со заштитените подрачја, односно стандарди за добро управување со националните паркови. Борис Ерг, директор на програмата за Југоисточна Европа на Меѓународната унија за заштита на природата вели дека оваа организација ја поддржува идејата за постигнување на одржлив развој, но и дека истата во пракса често се соочува со низа предизвици. Еден од најголемите предизвици е ставањето на заштитата во функција на локалниот развој. Неколкуте најавени инфраструктурни проекти што на брегот на Охридското Езеро, што во рамки на националниот парк „Галичица“ многупати досега ја разбрануваа охридската, па и светската јавност со оглед на важноста на нашиот регион од аспект на природните и културни богатства со кои располага. Според Ерг, развојот е важен, но за нив приоритет секогаш е заштитата.

„Секако дека ИСЦН се залага за одржлив развој и развој на оние активности кои го помагаат и развојот на локалната заедница па и економскиот развој во одредена мера, но секако нас секогаш во прв план ни е заштитата на биодиверзитетот и на природата што е основна намена на просторот, значи активности кои не ја загрозуваат заштитата на биодиверзитетот што е основна намера на секој национален парк или на секое заштитено подрачје се добредојдени. Оние активности кои го нарушуваат тоа, како големи инфраструктурни проекти кои не се во склад со заштита на биодиверзитетот треба добро да се проучат, и да се анализираат и добро да се размисли пред да се впуштиме во нив.“-вели Ерг.

Ерг смета дека спроведувањето на инфраструктурни проекти во заштитени зони не е единствениот пат на постигнување на локалниот развој.

„Нашата визија е националниот парк да е придвижувач на локалниот развој во смисла да се ангажира со локалната заедница во развој на оние активности кои можат да допринесат за едукација, образование, освестување на луѓето за тоа дека природата која не окружува, дека ние сме составен дел од тоа и дека ние фактички живееме од таа природа. Инфраструктурните проекти не се единствените кои придонесуваат за развојот, туку и зачувувањето на шумите, зачувувањето на водата и се она што имаме во природата и тоа е база за нашиот економски развој.“-рече тој.

Ерг додава дека воедно не смее националниот парк „Галичица“ и Охридското Езеро да се набљудуваат како посебни заштитени подрачја бидејќи тие заедно градат цел еден комплекс на заштитени подрачја.  Порача дека мора да постои ефективно управување како и луѓе на терен кои ќе обезбедат почитување на поставените стандарди за управување со заштитените подрачја.

 

{loadposition content9}