Skip to main content

Децата со неоправдани , нивните родители редовни

Децата со неоправдани , нивните родители редовни и примерни на советувањата. Во 99% од случаите поканетите родители се појавуваат на советувањата во рамки на спроведување на проектот „Родителска школа“, но засега тоа не дава позитивни ефекти, велат стручните тимови од основните училишта во општина Охрид.

 |  Биљана Николовска  | 

Проектот советување на родители на Министерството за образование и наука продолжува. Советувањето со родители на деца кои не посетуваат настава, имаат слаб успех или демонстрираат несоодветно однесување,, се покажало како успешна метода, па властите донеле одлука за негова натамошна примена вели проф. Миле Гиноски од МОН.

 „Министерството за образование и наука ја воведе институцијата советувањње на родители како законска обврска во државата, на родителите, а тоа е институција ако детето пројави три единици една по друга, десет изостаноци неоправдани и пројави девијантно однесување во училиштето се пали црвеното светло и педагошката служба ги повикува родителите на овие т.н проблематични деца, бидејќи тие не влегле во оној дел на деца со родители на кривични дела, туку тие се ризични деца кои сеуште не сториле дело и тоа е вистинскиот момент да се превенира ваквата ситуација“- вели Гиноски.

Педагогот во ОУ „Григор Прличев“, Офелија Петреска,  смета дека вклучувањето на воспитната компонента во образовниот процес, преку јакнење на врските меѓу сите чинители, родители, училишта, наставен кадар, ученици, треба да се спроведува повеќе години за да се постигнат посакуваните ефекти.

 „Родителите се повикуваат на советување групно или индивидуално, во зависност од потребата од тоа колку може да ги групираме врз основа на самиот проблем кој се јавил. Важно е да се каже дека родителите кои се повикани 99 % доаѓаат на советување, а за ефектите не можаме да кажам дека се многу позитивни, бидејќи не зависи од едно или две советување туку тоа е процес кој понатаму треба да се зајакне врската меѓу семејството и нивните деца семејството и училиштето за да имаме било какви ефекти“ – смета Петреска.

Стручните тимови составени од педагози, психолози и друг стручен кадар ги советуваат родителите во две шеесет минутни сесии во период од две недели. Стручните лица се придржуваат до изработените протоколи за пристапот во едукацијата за родителите во делот на воспитната компонента.

{loadposition content9}