Skip to main content

Трпение за испораката на огревно дрво бараат од охридското здружение на пензионери

 Трпение за испораката на огревно дрво бараат од охридското здружение на пензионери.

 |  Валентина Неловска  | 
drvo

Годинава  800  купувачи склучиле договор за купување на огревно дрво со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. На 10 тина дена од почеток на грејната сезона, динамиката на испорката тече нормално, а списоците на пензионерите со договорите за купување на огревно дрво се доставени до Македонски шуми, и тие ја вршат испораката, информира Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.  Додава дека има одредени  проблеми , но при средбата со првите луѓе од претпријатието добиле уверување дека договорите наскоро ќе се реализираат.
 
drva„ Треба пензионерите да имаат разбирање. До крај на месецот, од кажувањата на Македонски шуми,  сите пензионери ќе бидат снабдени со дрва. Има потешкотии со плаќањата. Има пензионери притискаат, плачат, а не им се доплатени дрвата. Ние немаме наши средства да уплаќаме на Македонски шуми, а тие бараат да се платат дрвата.,Од пензионерите  има уште средства за прибирање“, вели Трпчески.

Годинава, споредено со лани, има поголем број на склучени договори со пензионерите за купување на дрва на рати, без камата, преку здружението. Тие ќе посредуваат  Македонски шуми  да  испорча на граѓаните околу 5000 метри просторни огревно дрво, укажува Трпчески. Додава дека и сега е голем интересот за  купување на  огревно дрво преку нивното Здружение.

drva„ Доаѓаат  сега сакаат да се запишат и да платат веднаш, но не може, има сторнирање од Македонски шуми и не ќе може да ги снабдуваат. Ние ги праќаме таму,  преку нас не, квотата е исполнета“, појаснува Трпчески.

Трпчески укажува дека уплатите за дрва мора да се испочитуваат најдоцна до 31 декември. Од месец ноември  ќе започнат со склучување на договори за купување на дрва за 2016 година. Како здружение ние сакаме да помогнеме и да им олесниме на пензионерите и граѓните да ги отплаќаат дрвата на рати. Во вакви економски  услови, поголемиот дел од нив  не можат да си дозволат во готово да платат околу 500 евра за 10 кубици, во зависност од квалитетот  на дрвото, кажува Трпчески.