Skip to main content

Не се знае кога ќе стигнат возилата за Комуналец

Сеуште не се знае кога ќе стигнат возилата со кои ќе се поднови  механизацијата во Комуналец. Четирите возила и  рачната метачка за ситен отпад ќе бидат од големо значење за подобрување на градската хигиена. За што поефикасно собирање на отпадот на претпријатието му се потребни  уште 4 возила, напоменуваат од комуналец.

 |  Валентина Неловска  | 

Тендерот за купување на возила за собирање на комунален отпад заврши но сеуште не се знае кога ќе пристигнат во ЈП Комуналец.  Целата постапка за набавка на возилата се води преку Локалната самоуправа и ние не можеме да кажеме  кога тие ќе бидат донесени, информира Миле Ристески  координаторна РЕ  Механзиација. Застарениот возен парк треба да се  обнови со 4  комунални возила и една рачна метачка за собирање на ситен отпад, вели Ристески.При тоа кажува од какво значење ќе бидат за пертприајтието кое се грижи за одржување на градската чистота.

„Од една старна овие 5 возила од економски аспект  би значеле помали трошоци за горива и одржување на возилата,а од друга страна редовно покривање на сите реони и навремено собирање на комунален отпад“, потенцира РИстески.

Две возила со кои треба да се подобри комуналната хигиена се со капацитет од 9 и 16 метри кубни, а две помали возила се  од по 3 метри кубни.Со помалите возила ќе се реши еден горлив проблем на улиците каде што возилата на комуналец имаа тежок пристап.
„ Има 2 мали возила кои ќе послужат за места каде што не може да одат поголемите  возила за стар град, Бараки и другите потесни улици“, напоменува Ристески.   
 Додаваат дека од  15 возила кои ги имаат во возниот парк   не се секогаш сите во исправна состојба. Но,  со правење на распоред успеваме да го собереме комуналниот отпад на време, вели Ристески. Напоменува дека на  располгање пак имаат  доволна  механизација за косење на трева, кастрење на гранки и  сечење на дрва.

 

{loadposition content9}