Skip to main content

Сребро за учениците од општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“

Сребро за учениците од општинското средно угостителско училиште„Ванчо Питошески“ кои учествуваа на четвртите меѓунродни Гастрономско-туристички средби -„ГАТУС 2015“. На овој балкански натпревар најголем акцент бил ставен на  афирмацијата на руралните средини,  а особено внимание било посветено на традиционалните специјалитети.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

Младите угостители од ОУТУ „Ванчо Питошески“  освоија сребро во три натпреварувачки дисциплини во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија на четвртите меѓунродни Гастрономско-туристички средби -„ГАТУС 2015“ кои на крајот на септември се одржаа во Македонски Брод. Ова признание за нив е голем поттик за уште повеќе да се вложат и да се усовршуваат во насоката која ја избрале.
Ова искуство за мене е прво но нема да биде единствено. Ќе учествувам и на други натпревари бидејќи на нив може многу да се научи, вели една од добитничките на награда.

Јас овие натпревари ги сакам од повеќе причини. Таму учиме, се усовршуваме, но и стекнуваме нови познанства со што ни се проширува кругот на пријатели, вели еден од натпреварувачите.

Во рамки на дисциплината „Поставување на традиционална маса за 4 лица“ второто место им припадна на учениците Наум Нестороски, Адријан Османоски и Ерол Камбероски под менторство на професорката Марија Ристеска. Второто место во дисциплината „Традиционално јадење“ им припдна на учениците Томе Јованоски, Емилија Јовческа и Стефан Новакоски под менторство на професорот Блаже Јорданоски. Во дисциплината „Креирање и презентирање на тридневен туристички аранжман за одмор на село, за четиричлено семејство “ второто место го освоија учениците Антонио Попоски, Дајана Сиљаноска и Менде Костоски под менторство на професорите Елена Митреска и Григор Ангеличин-Жура.
На овој балкански натпревар најголем акцент бил ставен на  афирмацијата на руралните средини,  а особено внимание било посветено на традиционалните специјалитети.
Покрај дружење целта на овие натпревари е да се подобри квалитетот на кадрите кои излегуваат од ова училиште, но и да видиме до каде сме во однос на другите училишта од регионот и пошироко. Да земеме дел од нивните искуства и да ги примерниме кај нас, вели професорот Блаже Јорданоски.
Јорданоски кажува дека во споредба со другите училишта кои учествувале на овој натпревар охридското во сите дисциплини е на самиот врв и доколку училиштето располага со повеќе финансиски средства би било и уште поуспешно.

 

{loadpostion content9}