Skip to main content

Извршена контрола на плажите издадени под закуп

Целта е да се утврди дали тие отстапуваат од критериумите наведени во договорите за закуп.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Mile Janakievski
Миле Јанакиевски
Целта е да се утврди дали тие отстапуваат од критериумите наведени во договорите за закуп.

Заврши еднонеделната посета на Комисијата која ги контролираше плажите издадени под закуп. Ја испрати  Министерството за транспорт и врски за да спроведе детална проверка.
Се контролира дали има отстапувања од наведените критериуми во договорите за закуп. Со оние закупци кои извршиле отстапувања, договорите ќе бидат раскинати.
Од надлежното министерство не откриваат колкав е бројот на закупци кои отстапиле од пропишаните критериуми. Треба најпрво да се изготви записникот. За забелешките, закупците ќе бидат писмено известени најдоцна 20 декември.

akcijaКако што најави Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на закупците кои во целост ги испочитувале барањата на министерството, веднаш ќе им бидат продолжени договорите за уште две години. Оние кои пак, не се придржувале кон договорот, ќе сносат санкции.

„Ќе им дадеме 40- 60 дена да ги поправат грешките. Доколку тоа не го направат во дадениот рок, склучените договори за закуп, со нив ќе бидат раскинати“, рече Јанакиески.

Инаку, Министерството за транспорт и врски, под чија надлежност е крајбрежјето, како закуподавец има обврска, со своја комисија, редовно да врши контрола- дали со закупените плажи се стопанисува согласно обврските од договорот.

 

 


{loadposition content9}