Skip to main content

Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред охриѓани

Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред  охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
vizija

Остварена интерактивна средба на охриѓани со проектот на социјалдемократите „Визија за Македонија“. Александар Кузески портпаролот на ОО СДСМ е задоволен од средбите со охриѓани на првиот ден од спроведување на нивниот проект.

проект„ Одзивот е  добар на граѓаните. Пријатно сме изненадени сите процеси придонесуваат луѓето да дојдат да се охрабрат и да ги запишат своите идеи. Ги повикуваме да се приклучат и да ги дадат своите предлози“, вели Кузески.

Бројни се предлозите кои ги даваат охриѓани во насока на подобар живот на граѓаните. Проектот за прибирање на позитивни идеи на граѓаните не се реализира за прв пат, напоменува   Кузески.


„ Пред една година ги посетивме граѓаните за да дознаеме што чувствуваат, кои се  потребите на државно и на  локално ниво. Прибиравме идеи и предлози на граѓаните кои се вградија во платформата“, Кузески.

На градскиот плоштад штандот за прибирање на идеи  за подобар живот на граѓаните ќе биде поставен во следните денови се до четври декември.