Skip to main content

Охрид домаќин на „Adventure Next Balkan 2016“

Работните групи на Секторот за туризам од  швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, денеска одржаа состанок на кој учествуваа:  Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија.

 |  Голабовски Крсте  | 
adventure

adventureРаботните групи на Секторот за туризам од  швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, денеска одржаа состанок на кој учествуваа:  Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија.

На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така беа посочени проблемите во областа на авантуристичкиот туризам, како што се безбедноста на турите за активен туризам, управувањето со отпад како и учеството на медиумите во промоција на туристичката дестинација. Ова беше заклучено на состанокот на работната група за дестинациски менаџмент што се одржа во текот на вчерашниот ден, а ја раководеше Елена Иванова, менаџер на сектор туризам и угостителство.

Средбите на работните групи се дел од подготовките за претстојната конференција „Adventure Next Balkan 2016“ која што ќе се одржи во Охрид од 10 до 12 мај.