Skip to main content

Лидери во електротехничката, машинската и сообраќајната струкавв

ЕМУЦ „Наум Охридски“ е домаќин на вториот државен натпревар за лидери во три струки, електротехничката, машинската и сообраќајната.  Најдобрите ученици ќе имаат предност при запишувањето на факултет, а и тие, и нивните ментори, ќе бидат наградени со парична награда.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Благоја Терзиев, ученик во четврта година во Општинското средно училиште „Никола Карев“ во Струмица ќе се бори да стане лидер во областа автомеханичар мехатроничар. Тој е еден од 150те учесници на вториот државен натпревар за лидерство кој се одржува во ЕМУЦ Св.„Наум Охридски“. Благоја првпат учествува на овој натпревар и очекува победа.

Главен мотив за да учествуваме на овие натпревари ни е желбата да си ги измериме силите со нашите врсници од другите градови на Македонија. Да видиме до каде е нашето знаење. Јас многу си ја сакам мојата струка и планирам да продолжам на машинскиот факултет. Им препорачувам на оние кои ќе се запишуваат во средно образование да ги изберат стручните училишта, вели Благоја.

На овој државен натпревар ќе се избираат најдобрите ученици во три области и тоа електротехничката, машинската и сообраќајната. Учествуваат 150 матуранти од сите градови во Македонија каде има вакви стручни училишта.

Овие ученици кои се лидери во својата струка ќе имаат предност во запишувањето на факултет, а и тие и нивните ментори ќе бидат наградени со парична награда, вели Јане Цаноски, директор на ЕМУЦ Св.„Наум Охридски“.

Советникот за електротехника во центарот за стручно образование и техника, Зоран Јовчески кажа дека натпреварот започнал и протекол во најдобар ред и дека интересот за учество на овај државен натпревар е зачудувачки голем.

Целта со овие натпревари е да се мотивираат учениците и да се направи една промоција на стручните училишта, во кои, за жал, се запишуваат се помалку ученици, а со тоа се намалува и стручниот кадар, објаснува Зоран Јовчески, советник за електротехника во центарот за стручно образование и техника.

Лидерите на овој државен натпревар ќе добијат по 10 000ден., а по толку ќе добијат и нивните ментори.