Skip to main content

Каде ќе пошумуваат охриѓани?

По повод акцијата, Ден на дрвото – засади ја својата иднина, утре напладне претставници  од општина Охрид ќе засадат садници од  видот лагистремија  во  непосредна близина на споменикот на Св. Кирил и Методиј кај градскиот парк.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого

По повод акцијата, Ден на дрвото – засади ја својата иднина, утре напладне претставници  од општина Охрид ќе засадат садници од  видот лагистремија  во  непосредна близина на споменикот на Св. Кирил и Методиј кај градскиот парк.

дрвоВо среда, во Охрид ќе се пошумува на локалитетот Мауцкер каде ќе бидат засадени  8 000 садници  македонски даб. На просторот од Билјанини извори до населбата Св. Стефан, меѓу двете коловозни ленти на булеварот „Св. Наум Охридски“  ќе се засадат  500 стебла  аризонски чемпрес. На патеката од каналот  Студенчишта до хотел Парк ќе се садат  садници од декоративното  дрво,  каталпа, а на влезот од Охрид и по ул. „Туристичка“ ќе бидат засадени 50 садници  од цветен јапонски багрем.

Во акцијата, покрај претставници од Општината и јавните претпријатија ќе се вклучат и учениците од основните и средни училишта.

За сите заинтересирани граѓани организиран е бесплатен превоз до локалитетот Мауцкер. По еден автобус во 9 и 11 часот ќе тргнува од пред зградата на Општина Охрид. По два автобуси во 9 и 11 часот ќе тргнуваат од пред гимназијата „Св. Климент Охридски“ , ДТУ „ Ванчо Питошески“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.