Skip to main content

Охрид во новогодишно руво

Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност.

 |  Лионела Јаковлева  | 
плостад
plostad
Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност.

Градот полека но сигурно се облекува во новогодишно руво. Откога се украсија поголемиот дел улици со различни светлечки реквизити на ред дојде и централното градско подрачје. На градскиот плоштад може да се видат дел од ланските новогодишни украси а деновиве ќе бидат ставени и некои нови. Општината не се расфрла со пари. И годинава за оваа намена од буџетот се издвоени 600 000 ден.

OhridНа украсувањето работи стручна екипа од локалната самоуправа. Се осмислува каде ќе бидат поставени новогодишните реквизити со цел да се направи уште поубава атмосвера од ланската, вели Сашо Велјаноски самостоен референт за јавно осветлување.И оваа година охридската чаршија ќе биде прекриена со ѕвездено небо, а нема дочек на нова година без елка. Како таа ќе изгледа се чува во тајност.
Општина Охрид по повод Новогодишните и Божиќните  празници ќе избира  најубаво украсен двор, тераса и  најубави заеднички  дворни места пред зградите.За прво наградениот  следува парична награда во износ 20 000,оо ден., за второ наградениот  износ од  15 000,оо ден. и за трето наградениот износ од 10 000,оо ден.Заинтересираните граѓани можат своите пријави да ги достават до Комисијата  за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид.

 

 

{loadposition content9}