Skip to main content

Фамата околу Европското првенство во ракомет за жени конечно заврши

Од ЈП Билјанини Извори се презадоволни од тоа како успеале да се справат со сите барања од ЕХФ.

 |  Златко Китановски  | 
Biljanini izvori
Биљанини извори
Заврши Европското првенство во ракомет за жени. За некои граѓани како и да не било бидејќи малку кој знаеше дека се одржува токму во нашата земја. Конкретно во Охрид посетеноста на натпреварите беше минимална бидејќи како што велат граѓаните цената од 300 денари за 3 натпревари била прескапа за нивниот џеп. Сепак од ЈП Билјанини Извори велат дека се задоволни од тоа како помина првенството и пред се биле задоволни од реакциите на охриѓани упатени на сметка на спортската сала.

sportska sala Иако во Охрид првенството помина во најдобар ред , сведоци бевме на критиките упатени од македонската телевизија на сметка на Охрид и на спортската сала. Само како информација за тие што незнаат дека во Охрид имаше само еден пропуст кога еден натпревар доцнеше нецели половина час поради поради дефект на трафостаница кога салата остана без струја, додека во скопје имаше два натпревари кои доцнеа и по еден час од досега неразјаснети причини. Сепак за директорот на ЈП Билјанини Извори не е важно што мислат од МТВ туку мислењето на европската ракометна федерација кое беше и повеќе од позитивно.

Интересно е да се напомене дека за време на европското првенство во спортската сала за малку не била исклучена струјата поради долг од 463 илјади денари. Имено ЕВН кој беше еден од спонзорите на ова првенство на ЈП Билјанини извори им врачиле опомена пред исклучување и за подмирување на долгот им дале рок од 1 ден. По завршувањето на ова првенство како награда за добра организација ЈП Билјанини Извори и спортската сала добија уште едно големо наптреварување од ЕХФ а тоа е светското јуниорско првенство во ракомет кое ќе се одржи во охрид во јуни идната година. Секако како голема добивка останува и имиџот кој сега ќе го има салата како место каде се одржало Европско Првенство во сениорска конкуренција.


{loadposition content9}