Skip to main content

Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ се претстави на јавноста

За Борче Стефаноски, новата функција претставува голема чест, но и обврска.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Borce Stefanovski
Борче Стефановски
Новиот претседател на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Борче Стефаноски, и се претстави на јавноста.
Стефаноски е дипломиран машински инжинер и актуелен директор на аеродромот Св. Апостол Павле. Во партијата ВМРО- ДПМНЕ членува од самото основање во 1990 година.
Како што изјави, Стефаноски, за него новата функција претставува голема чест, но истовремено и обврска.

„Партијата ќе ја водам на најдобар можен начин со подршка на другите членови, претседателството и месните комитети со цел да оствариме победа на претстојните локални и претседателски избори“, рече новиот претседател на општинскиот комитет. Стефаноски.

Borce StefanovskiИнаку, Борче Стефаноски доаѓа на местото на пратеникот Владо Стефаноски, кој поради неспоивост на функциите, го отстапи местото – претседател на ОК. За ова место конкурираа 27 членови од партијата, од кои во потесен избор влегоа четворица.    

Инаку, новиот претседател, на денешната средба со новинарите, воведе и нов начин на обраќање кон јавноста. Свика прес- конференција на која на новинарите им беше одземено правото да поставуваат прашања. На новинарски прашања ќе одговарал- од утре.

 

 

{loadposition content9}