Skip to main content

Домашни и странски фудбалски екипи на зимска подготовка во Охрид

Домашни и странски  фудбалски екипи  на зимска подготовка во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

fudbal 

Фудбалерите од ФК „Јавор“ од Ивањица, Србија се на зимски подготовки  во Охрид. Тренираат на СРЦ Билјанини извори. Во моментов покрај Јавор на подготовка се уште 4 фудбалски тимови од српката супер лига. Тренерот и шеф на стручниот штаб на ФК „Јавор“, Младен  Додиќ напоменува дека  Охрид го привлекло нивното внимание со одличните услови. Очекуваат понатамошни вложувања во инфраструктурата, за оваа дестинација која има оддлични услови за спортски туризaм во зима,  дa  биде конкурентна на европските.  Додиќ  напоменува зошто нивниот фудбалски клуб по минатогодишните подготовки  во Охрид  избрале и годинава да тренираат тука.

fudbal„ Збирот на на цената  и квалитетот беа пресудни да дојдеме пак тука. Имав можност да одам на подготовки и во Турција, Анталија и на Кипар. Јас сум прв пат тука, но она што го гледам е одлично. Добриот глас надалеку се слуша и се повеќе екипи доаѓаат со што  имаме  можност да  одиграме  пријателски квалитетни натпревари. Тоа порано беше проблем , но сега не е. Затоа и  годинава  го избравме Охрид за зимски подготовки “, подвлекува Додиќ.      


Изградбата на стадионот со вештачка трева се покажа како полн погодок и интересот за подготовки на фудбалските екипи е се поголем, информира директорот на СРЦ Билјанини извори, Ристе Мише. Годинава на спортските терени во Билјанини извори има повеќе фудбалски клубови од регионот во споредба со минатата година. Мише посочува дека лани на СРЦ се поготвувале  4 екипи, а годинава се присутни 6 фудбалски екипи.  Намерите на СРЦ Билјанини извори се да се привлечат екипи и од  други спортски дисциплини.

„ Секој момент се очекува да се постави камен темелник на два тениски терени и едно повеќе наменско спортско игралиште. Зборуваме за терени во СРЦ Билјнини извори со кои покрај капцитет со кој располага и со новите како што се изградбата на затворениот пливачки базен, тениските терени и повеќенаменското игралиште, СРЦ ќе се издигне на едно повисоко ниво“, вели Мише.

10 фудбалски екипи во моментов се на подговки во Охрид и на терените од СРЦ  Билјанини извори. Фудбалските екипи од Србија и македонските прво и второ лигаши на зимски  подготовки ќе престојуваат до 20 февруари.