Skip to main content

Чист Охрид со мисија да ја подигне јавната свест за чистотата во градов

После пет одржани акции тие не запираат, за утре им е закажана шестата.

 |  Мишел Наумоски  | 
cist ohrid

Да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, што влијае и врз здравјето на луѓето. Ова е целта која пред себе си ја зацртале неуморните активисти на иницијативата „Чист Охрид“. После пет организирани акции во кои несебично чистеа отпад на локации во Воска, населбата Христо Узунов, околу музичкото училиште и градската болница, тие не покажуваат знаци на замор. Иако велат дека досега имале можност да видат многу отпад.

cist ohrid akcii„Најплодно би рекол дека беше чистењето на плажите во Воска, имаше секаков вид ѓубре, како тракторски гуми, чадори, столици пластични, шприцеви што е најтрагично. Посебно во последните две акции се зголеми интересот кај луѓето, најмногу за ова се рекламираме на фејсбук, преку настани, така ги информираме луѓето и навистина се зголеми интересот.“-вели Виктор Јолакоски од „Чист Охрид“.

Нивната мисија не застанува на досегашните пет акции. Веќе се направени последните подготовки за шестата.

inicijativa cist ohrid„Наредна акција, таа ни е шеста по ред, ќе ја одржиме на 7ми февруари, недела, во 12 часот, на ул.АСНОМ кај социјалните згради, спроти механизацијата на комуналното претпријатие. Очекуваме голем број на активисти, со оглед на тоа што се зголемува бројот и да ја пробудиме подзаспаната екологија во себе.“-рече Глигор Велјановски од „Чист Охрид“.

Иако не ја добиле поддршката која на почетокот ја очекувале, активистите од „Чист Охрид“ продолжуваат понатаму, со насмевка на лицата ги покануваат сите охриѓани да им се придружат во нивната мисија за како што вели и нивното име „Чист Охрид“.