Skip to main content

Кривична за охриѓанец кој незаконски ловел риба

Регионалниот Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
patrolen

Регионалниот Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец.

Лицето се стекна со кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”.

На 26-ти јануари годинава, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор ,,Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажата „Потпеш“, го затекнале пријавеното лице со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед во чамецот пронајдени биле две рибарски мрежи.