Skip to main content

„Не кажувај либе добра ноќ“

Охриѓани ќе имаат можност да бидат дел од еден незаборавен концерт посветен на љубовта и виното. Петар Маркоски заедно со своите соработници празникот Св. Трифун и Св. Валентин преку звуците на староградските песни ќе допре до срцата на сите заљубени, но и на оние кои малку подзаборавиле што значи зборот љубов.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

„Не кажувај либе добра ноќ“. Петар Маркоски заедно со своите соработници ќе им подари на охриѓани еден незаборавен концерт посветен на љубовта и виното. На  празникот Св. Трифун и Св. Валентин преку звуците на староградските песни тој ќе допре до срцата на сите заљубени но и на оние кои малку подзаборавиле на искажувањето љубов. Концертот ќе биде реализиран во соработка со режисерот и продуцент, Даниел Јовески кој ќе свири на пијано, со групата Охридски чалгии и актерот Ивица Цонев кој ќе чита македонска поезија посветена на љубовта и виното.

Сите музичари треба да дадеме поттик за организирање на што повеќе вакви настани. Домот на култура ни стои на располагање ние треба само да знаеме да го искористиме. Овој концерт, а и вакви слични настани во иднина ќе настојуваме да ни станат традиција, вели Маркоски.

Концертот ќе биде поделен на неколку дела, ќе започне со еден пиано бар па потоа ќе следуваат преработки на староградска музика во изведба на Охридските чалгии. Сценографијата ќе ја прави Импакт груп и се ќе асоцира на двата празници кои се слават. Самата сцена ќе преставува една филмска слика. Настанот треба да биде со модерен призвук, но да биде зачувано она изворното, објаснува Маркоски. Ваков концерт за прв пат се организира во Охрид.

Ние тргнуваме од тоа да се што ќе сработиме ново прво да го понудиме во нашиот град па потоа ќе гостуваме и во останатите градови. Со тоа вршиме лична промоција но и промоција на градов. Не сметам дека секој убав настан треба прво да се случи во Скопје. Токму спротивното, мислам дека Охрид е градот од каде се треба да почне, вели Маркоски.

Подржувачи на концертот се НУ Фестивалот Охридско лето како и НУ Центар за култура Григор Прличев.КОнцертот е во недела со почеток од 20 часот. Билетите чинат 200 ден. И можат да се купат во Топ маркет, Тобако и билетарата на ЦК „Григор Прличев“.