Skip to main content

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот бара најповолно решение за велосипедското поврзување помеѓу Охрид и Струга

Од таму велат дека решенијата се бараат во соработка со повеќе институции како полицијата, локалните самоуправи на двата града и невладиниот сектор. 

 |  Мишел Наумоски  | 
pateka

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во интензивна соработка со повеќе институции околу реализирањето на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Дека постои вистинска подготвеност да се реализира овој проект говори и фактот што оваа идеја односно проект е веќе дел и од програмата на Републичкиот совет за безбедност. Замислата е ова велосипедско поврзување помеѓу двата соседни града е да се направи по стариот пат Охрид-Струга.

velosipedska pateka„Идејата е да се направи една коловозна лента, да се издвои, физички да се издвои, со соодветна сообраќајна сигнализација, со што таа коловозна лента би била таа коловозна лента би била наменета исклучиво за велосипедисти. Одредени проблеми во реализацијата на овој проект секако дека има и ние ќе се обидеме да ги надминеме, и се надевам дека во соработка со локалните од Охрид и Струга, во соработка и со други институции, полицијата и други институции, ќе се обидеме да го изнајдеме најповолното решение за заживување на оваа идеја, на овој проект, со што значително би се анимирале и граѓаните на крајезерските градови, туристите.“-вели претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски.

Димоски вели дека уште при првото обелоденување на идејата, истата наишла на големо одобрување од многубројни фактори.

ohrid-struga velo pateka„Ова е една идеја која што ние ја инициравме некаде во самиот почеток на работењето на советот, идеја која беше широко прифатена од велосипедските клубови, туристичките агенции, туристичките работници генерално гледано и која што би значела огромно заживување на самиот потег Охрид-Струга. Тоа ќе биде една прекрасна идеја доколку заживее, ете во таа насока сме контактирале и со неколку невладини, да видиме што тие можат да придонесат во оваа насока. Би било фантастично и прекрасно доколку заживее овој проект, доколку се реализира и јас мислам дека тоа би било и еден вид на предизвик на локалните самоуправи.”-рече Димоски.

Според Димоски, реализацијата на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга, освен тоа што ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот туку и дека во голема мера ќе придонесе и за развој на овој тип на туризам кој станува се поактуелен. Димоски смета дека бројни се туристите кои сакаат да уживаат во природата и да возат велосипед, и според него токму оваа патека би ги натерала да ги посетат Охрид и Струга и да уживаат во она што им се нуди.