Skip to main content

Хир кој „скапо“ ќе ги чини родителите

Родителите, чии деца користат петарди, ќе плаќаат глоба и до 800 евра. Од СВР порачуваат- строги казни за сите кои го нарушуваат јавниот ред и мир. Нивните служби се постојано на терен и вршат засилени контроли.

 |  Тања Кувенџиска  | 
petardi
петарди
Родителите, чии деца користат петарди, ќе плаќаат глоба и до 800 евра. Од СВР порачуваат- строги казни за сите кои го нарушуваат јавниот ред и мир. Нивните служби се постојано на терен и вршат засилени контроли.

Високи парични казни ќе плаќаат родителите чии деца користат пиротехнички средства. Од семејниот буџет тие ќе треба да издвојат дури три просечни плати за да ја подмират предвидената глоба. Законот за нарушување на јавниот ред и мир, предвидува најостри санкции против сите кои на јавно место користат огнено оружје, употребуваат пиротехнички средства и експлозивни материјали.    

Од СВР- Охрид најавуваат дека нивните служби пред новогодишните и божиќните празници ќе вршат засилени патроли низ градот.

sostanok SVRКазните за полнолетни лица кои го нарушуваат јавниот ред и мир изнесуваат од 100 до 400 евра во денарска против вредност. Иста глоба ќе треба да платат и сите оние кои на јавно место неовластено ќе приредат огномет.

Со цел да ги запознаат граѓаните со ваквите казнени одредби, СВР- Охрид во средното угостителско- училиште Ванчо Питошески, организира работна средба со советодавната група граѓани на град Охрид. Превентивни и едукативни средби ќе бидат одржани и во селата Белчишта, Мешеишта и Косел.

 

 

{loadposition content9}