Skip to main content

Дали Охрид ќе има професионален театар

Крајно време е некој да се интересира за тоа што се случува во Охрид преку целата година.

 |  Ристе Јакимовски  | 
Centar za kultura Ohrid
Центар за култура Охрид
Крајно време е некој да се интересира за тоа што се случува во Охрид преку целата година. А не само во оној период од годината кога тој е нај атрактивен.

На градот Охрид му е потребен театар кој ќе функционира преку целата година. За конечно да може да се каже дека Охрид е центар на туризмот и културата, став е на сите граѓани.

Минатата недела беше објавена програмата за буџетот на градот за наредната 2009-та година. Во самата програма, предвидена е сума од 6.500 000 денари за културата во Охрид и за театарски претстави во организација на „Охридскиот театар“.

Во изминативе две недели во градот Охрид гостуваа повејќе театарски групи од државата но и од соседните земји.Посетеноста на претстсавите во нивна организација беше минимална а на некои од претставите воопшто и немаше публика.Можеби причината за тоа е не постоењето на соодветна институција, театар?

KaligulaСпоред директорката на центарот за култура одговорноста за реклама на тие настани си ја превзема гостинот.
Што се однесува на театарската уметност центарот за култура ги подржува сите иницијативи кои би биле покренати за формирање на професионален театар.Истакнаа дека центарот за култура е задолжен и за останатите активности во областа на културата.

Само како потсетување иницијативи на собирање на потписи формирање на здружение на актери, еднаш вејќе беше организирано и поднесено до министерството за култура.

Центарот за култура и општина Охрид се согласуваат во две работи а тоа е театар го градат луѓе кои знаат што е театар и во Охрид постојат луѓе кои знаат што е театар. А точно тие луге трба да се главните иницијатори за формирање на истиот.

Останува нај големиот и нај горливиот проблем со кој се соочуваат Oхридските актери тоа е непостоењето на  зградат, институцијата театар  во која тие конечно би почнале да го работат она што го знаат.

 

{loadposition content9}