Skip to main content

Петчлено охридско семејство доби социјален стан

Зоран и Славица Ѓурови и нивните 3 малолетни деца се новите жители во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“ во Охрид. Тие после 18 години живот под кирија, добија сопствен покрив на главата, откако Комисијата за доделување станови, одговорила позитивно на нивното барање за стан.

 |  Билјана Николовска  | 

Уште едно охридско семејство од ранливата категорија граѓани, претпразнично изненадени. Тие денес добија клуч од стан во социјалната зграда во Охрид. Неизмерна е радоста на главата на семејството Зоран Ѓуров, кој со неговата сопруга и трите малолетни деца 18 години живееле под кирија.

„Чуството е прекрасно да се добие стан пред голем христијански празник ни дојде како поклон. Кога го добивме решението сите бевме среќни дома бидејќи дојде ден и ние да го решиме нашето нашето животно прашање бидејќи познавајќи си ги нашите финансиски трошоци тоа за нас ќе беше неостварливо„-вели Зоран Ѓуров.

Клучот на рака на Ѓуров му го предаде првиот човек на Акционерско Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р Македонија,Цветко Грозданов. Тој му посака среќни празници и му нагласи дека како закупец мора да се грижи за станот исто како да е негов и да се придржува согласно сите одредби од договорот. Грозданов истакна дека и понатака ќе работи во интерес на своите сограѓани од ранливата категорија како сите би имале еднаква можност да го решат станбеното прашање.

„Заложбите мои како менаџер на институцијата е да во Охрид како еден од најголемите туристички центри на Балканот, најголем во Македонија, да не оставиме ниту едно семејство, ниту еден човек кој што не ќе има кров на главата, односно не ќе има можност нормално да егзистира. Од тие причини ние ќе продолжиме и понатака несебично да работиме околу изнаоѓање решенија за решавање и на останатите проблеми и барања на граѓаните кои што го немаат решено овој проблем“ – изјави Грозданов.

Станот е со површина од 45 метри квадратни. За користење на станот потпишан е договор согласно решението на Комисијата од Владата на РМ. Грозданов најави дека за брзо време уште едно семејство ќе добие стан за што веќе Комисијата исто така дала позитивно решение, но не откри детали кога и за кое семејство од ранливата категорија станува збор.