Skip to main content

Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата се веќе претесни

Поради големиот интерес за користење на градскиот превоз граѓаните кои се возат со него велат дека комбињата се претесни. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва.  Од АД „Галеб“ прават напори да изнајдат соодветно решение, а и од Локалнатаи ветуваат дека  до почетокот на летото кога се и најголемите гужви ќе го решат овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата со кои тој се врши се веќе претесни. Посебно реагираат оние кои ја користат линијата печијаре-бараки-стобекс. Велат дека поради големиот интерес за користење на градскиот превоз многупати се случува седиштата да се исполнети и дел од патниците да стојат во возилото. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“, превозникот кој го спроведува овој градски превоз, велат дека знаат за овој проблем и прават напори да изнајдат соодветно решение. Од фирмата вршеле анализа на која релација во кои временски термини има најголемо користење на линискиот превоз како соодветно би инервенирале. И од Локалната се информирани за реакциите на граѓаните и ветуваат дека во корелација со превозникот до почетокот на летото кога се и најголемите гужви ќе го решат.

За таа цел планирано е отварање на нови линии и зголемување на динамиката со која ќе сообраќаат превозните средства. Свесни сме дека летово и голем дел од туристите ќе го користат јавниот превоз па мора да ги отстраниме сите недостатоци, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

Танески потенцира дека во голема мера се подобрени условите за одвивање на линискиот превоз во градов. Неодамна на повеќе локации кои претходно беа утврдени како најпогодни беа поставени современи автобуски постојки. Се работи и на воспоставување и јавно истакнување на возниот ред. Сеуште проблем преставува нерешениот статус на автопревозниците кои и после речиси една година од воспоставувањето на овие градски линии возат на диво.

Ние како сектор за комплетно решавање на оваа проблематика распишавме јавен повик кој во периодов што доаѓа треба да биде финализиранна задоволство на автопревозниците но и на патниците кои истиот го користат, вели Танески

Дозволите кои ќе ги добијат превозниците се за 5 години. Со регуларниот градски превоз граѓаните кои живеат во приградските и селските населби ќе имаат квалитетен и ефикасен превоз до Охрид и од Охрид до нивните живеалишта, велат од Локалната.