Skip to main content

Преамбициозни планови или реално зацртани цели

Охридската Локална самоуправа деновиве ќе го обелодени предлог буџетот за 2009. Дел од јавноста смета дека повторно станува збор за преамбициозни  планови.

 |  Тања Кувенџиска  | 
opstina Ohrid
opstina Ohrid
Охридската Локална самоуправа деновиве ќе го обелодени предлог буџетот за 2009. Дел од јавноста смета дека повторно станува збор за преамбициозни  планови.

Во понеделник советниците ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година чија висина е над 8 милиони евра. Најголемиот дел од средствата и годинава е предвидено да бидат потрошени за инфраструктура и туристичка промоција на градот.

OhridДел од јавноста коментира дека и годинешниот предлог буџет содржи преамбициозни бројки. Ова со оглед на фактот дека во последните две години процентот на искористеност на буџетските средства се движи околу 70%.
Надлежните денес не сакаа да коментираат околу предлог буџетот. Ни беше кажано дека во понеделник ќе бидат откриени сите поединости. Ќе се објават и податоците околу процентот на искористеност на буџетските средства за годинава која изминува.Сепак, ако предложениот буџет на општина Охрид за 2009 се коментира како преамбициозен, тогаш треба да се напомене висината на предложените буџет- средства за општина Струга. За 2009 тој е за 3 мил. евра поголем од оној на општина Охрид.

 

 

{loadposition content9}