Skip to main content

Големиот холандски туроператор “ТУИ” најави поинтензивна промоција на Охрид

Според нив, Охрид и Македонија се сеуште неоткриена дестинација и за холандските и за туристите од останатите земји со кои соработуваат. Затворањето на бегалскиот камп на македонско грчката граница позитивен импулс за холандските туристи кои сакаат да ја посетат земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 

Затворањето на бегалскиот камп во Идомени на Македонско-Грчката граница, позитивен импулс за туристите од Холандија кои сакаат да ја посетат земјава. Денес менаџментот на познатиот туроператор „ТУИ“ и холандската федерација за патување и туроператори се сретнаа со раководството на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за да разговараат токму за влијанието на потенцијалните безбедносни ризици предизвикани од актуелната политичка состојба во земјава, но и мигрантската криза.

„Луѓето кои се веќе на одмор тука сфатија дека имаат одмор без да се вклучени во никаков вид на проблеми. Тоа е секако позитивен имиџ за земјата. Направивме една интензивна маркетинг кампања која позитивно влијаеше луѓето сфаќаат дека ситуацијата не е критична.“-вели Аријан Керс-генерален менаџер на ТУИ Холандија.

Продукт менаџерот на „ТУИ“ во Македонија, Жак Крејнен вели дека Македонија како туристичка дестинација сеуште не е доволно откриена дестинација како за туристите од Холандија, така и за оние од останатиот дел од Европа.

„Покрај културата и пријателството што веќе го споменав 365 те цркви, вкусот, природа, можностите за спорт, што Македонија ги нуди, возење велосипед, планинарење параглајдинг сето тоа ја прави оваа земја посебна.“-рече Крејнен.

Според Крејнен Македонија мора посериозно да работи на подобрување на туристичката понуда во иднина, како и на инфраструктурата, особено онаа велосипедската бидејќи велосипедот е најценетото превозно средство за холанѓаните. Иако постои извесно намалување на склучените аранжмани со Македонија, сепак, директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лејла Крстевска, постои тенденција на пораст на бројот на туристи од Холандија во овој период.

„Ние бележиме 20% пораст за првиот квартал во однос на холандски гости и 30 % пораст во однос на посети и 20 % во однос на ноќевања. Ова се брoјките за првиот квартал од годинава, а се надеваме дека и во вториот квартал ке оствариме некаков пораст.“-изјави Крстевска.

Генералниот менаџер на „ТУИ“ за Холандија, најави дека во наредниот период ќе ја проширируваат продажбата на аранжмани за Македонија во сите 16 држави со кои работи овој познат туроператор. Инаку „ТУИ“ моментално остварува четири летови неделно во Македонија, а се очекува и зголемување на бројот на летовите во шпицот на сезоната.