Skip to main content

Олимписки ден во Охрид

Денес со почеток од 11 часот, Македонскиот Олимписки Комитет , ОУ Христо Узунов и Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ  ЗА СПОРТ организираат Олимписки ден кој ќе преставува мал спортски вовед пред предстојните олимписки игри во Рио.

 |   | 
logo

Настанот ќе се одржи во дворот наОУ Христо Узунов и на него ќе учествуваат 300 ученици организирани од активот по физичко образование како и наставниците по ликовно и музичко.

Со особено задоволство на настанот покрај претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски ќе биде присутна и првата потврдена македонска олимпика за РИО 2016 , охриѓанката Нина Балабан која ќе има презентација на стрелаштвото и опремата од стрелаштво.