Skip to main content

Основците од Велгошти и Лескоец во посета на спортски терени

Спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“, исполенти со деца. Учениците од трето и четврто оддделение од ОУ од Велгошти и Лескоец имаа можност да ги разгледаат сите спортски терени и објекти со кои располага ЈП. Нивните импресии се големи, некои од нив прв пат стапнаа на вештачка трева, а некои пак веќе имале можност да погледнат како изгледаат спортски терени надвор од нашата земја.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Основците од Велгошти и Лескоец, во посета на спортските терени на СРЦ „Билјанини Извори“. Во рамки на воннаставните активности, трето и четврто одделенците од „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ заедно со своите наставници имаа можност да ја видат спортската сала со приклучните објекти во неа, теретаната, базенот Атина Бојаџи, големиот стадион на кој се одржуваат фудбалски натпревари, теренот за вештачка трева, тениските терени, како и посета на едриличарскиот и кајакарскиот клуб „Стрмец“. Денешниот ден е мошне важен за учениците, а децата тоа одлично го разбраа бидејќи штом слегоа од двокатниот автобут потрчаа кон терените, вели претседателот на Сојуз на спортови од Охрид, Коста Карадимче. Целта беше мотивирање на учениците за спортски активности и рекреација кои придонесуваат за подобро здравје, додаде тој.

„Целта се знае која е…што повеќе деца да имаме кои ќе бидат наследници на нашите великани во спортот. Значи треба што повеќе деца да се занимаваат со спорт, не да остануваат дома, пред телевизор и компјутер. Повеќе деца да имаме на спортските терени бидејќи имаме извонредни терени, и управа во ЈП, така да многу клубови кои што беа во изумирање се враќаат назад, спортот во Охрид оди во нагорна линија, ги гледате успесите на ракометарите и кошаркарите“- вели Карадимче.

Учителката Весна Атанасоска рече дека ова е одлична можност да им го доближат спортот на децата. Таа рече дека часовите по физичко воспитание маскимално биле искористени, со исклучок во зимскиот период кога е многу студено.

„Ние иако имаме спортска сала која ја користиме максимално, но овде има многу поубави услови и невидени објекти што учениците немаа можност каде да ги видат претходно. Некои ученици за прв па доаѓаа тука, па сега имаа можност да ги запознаат“.

Инаку денешната посета на учениците е во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови, за популаризација на спортот во соработка со градоначалникот Никола Бакрачески и ЈП „Билјанини Извори“.