Skip to main content

Краток прекин на одвивањето на сообраќајот кај Пресека

Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека, денес во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија.

 |   | 
znak

presekaПоради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека, денес во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар-крак Маврово-Стража, Демир Капија-Удово, Виница-Берово, Кочани-Делчево и Ресен-Буково каде е можна почеста појава на одрони.