Skip to main content

Ударните дупки, сеуште голем проблем за возачите

После крпењето ударни дупки во централното градско подрачје на Охрид, следува, акција за крпење на ударни дупки на периферијата, најавуваат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Тоа е повеќе од потребно бидејќи трпението на учесниците во сообраќајот попушта, а посебно на такси превозниците кои велат дека колите ги искршиле по големите ударни дупки кои на некои места се по средина на коловозната лента.

 |  Николоска Биљана  | 

Ударните дупки, ноќна мора на секој возач. А во нашиов град за жал сеуште ги има на неколку фрекфентни улици, Кленоец, населба бараки, АСНОМ итн. Досега две поголеми акции на крпење ударни дупки се реализиртани на територијата на општина Охрид, вели портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески.

„Дел од централното и периферно градско подрачје беше опфатено со овие две акции во првата фаза, останатиот дел ќе бидат опфатени во втората фаза. Во рамките на првата акција за санација на ударни дупки, прекопи, навлаки низ улиците во општина Охрид, беше опфатено поширокото централно градско подрачје. Наредниве денови ќе стартува втората фаза од реализацијата на овој прв проект за санација на ударни дупки, а ќе биде опфатено периферното градско подрачје, односно делови од улицата „Кленоец“, а ќе бидат опфатени делови од „Марко Нестороски“, „Момчило Јорданоски“.

Граѓаните најмногу ги интересира дали надлежните во Секторот ги имаат мапирано сите места каде што треба ургентно да се делува на санација на ударните дупки. Танески го изнесе својот став по ова прашање.

„Во рамки на Секторот функционира еден посебен тим од одделението за сообраќај насочен кон овие мали но многу важни проблеми за охриѓани и за сите учесници во сообраќајот. Преку нашиот веб сајт и регионалните медиуми известуваме дека сме во акции за санација на ударни дупки и за асфлтирање на пристапни улички и патишта, па така и во наредниот период ќе продолжиме со таа практика“.

Танески информираше дека паралелно со оваа акција, тече и проектот за асфалтирање на пристапни улички и патишта и дека конечно временските услови се на нивна страна така што во периодов што следи ќе продолжат со реализација на овие активности.