Skip to main content

Охриѓани на протест

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва во Охрид повторно ќе се одржат мирни протести.

 |   | 

Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва во Охрид повторно ќе се одржат мирни протести.

Протестот ќе започне во 18:30 часот од плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар.

– Соборци и соборки на Шарената револуција! Успеавте заедно со македонските шарени револуионери да ги одложите изборите и да спречите нова изборна кражба на власта; Успеавте да се изборите за целосно повлекување на срамната и нарачана од режимот аболиција на Иванов; Успеавте да бидат ослободени од притвор нашите соборци од „Шарената револуција“. Продолжуваме понатаму: Уставниот Суд да ја потврди уставноста на СЈО; Формирање Преодна Влада; Специјален Кривичен Суд; Учество на граѓаните во преговорите: До конечна оставка на Иванов. Додека нема целосна правда за граѓаните, нема да има ниту мир за режимот, до пад, до оставка, до демонтажа на пипците на оваа корумпирана и мафијашка антинародна власт, порачуваат од „Протестирам“.

Граѓанското движење „Протестирам“ редовно организира протести и во останатите градови во Република Македонија.