Skip to main content

Со новиот закон за општа управна постапка се намалуваат бирокатските процедури

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и директорот на Уравниот државен инспекторат, Ромео Деребан денес одржаа работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески како и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот закон.

 |   | 

Со новиот закон за општа управна постапка се намалуваат бирокатските процедури, се зголемува ефикасноста и се намалуваат трошоците за граѓаните и за компаниите, а исто така за прв пат системски се уредува водењето на постапка преку едношалтерски систем кој ќе овозможи, на барање на странките, сите управни дејствија во конкретната постапка да ги спроведе јавниот орган. Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и директорот на Управниот државен инспекторат, Ромео Деребан денес одржаа работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид. Сега целата постапка може да ја турка само една институција, што значително ја олеснува работата.

„Сметаме дека со имплементација на овој закон ќе бидат регулирани повеќе сфери во делот на релациите и најважните делови на регулирањето на јавната администрација, ќе се подобри ефикасноста во функционирањето на ЛС односно државните и јавните службеници, а и интерната кореспонденција меѓу нив, бидејќи многу полиња во измминатиот период и од извршителите и од јавата администрација се инкорпорирани во овој закон и сметам дека ќе имаме поефикасна администрација“, рече Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски изјави дека со примената на новиот закон за управна постапка се прави обид да се создаде партнерски однос помеѓу граѓаните и јавната администрација и бизнис секторот.

„Да се подигне квалитетот на јавните услуги, граѓаните да учествуваат во управните постапки на многу побрз начин, да бидат задоволни од квалитетот на услугите, има значително скратување на роковите, единиците на ЛС, управните организации и органите на државната управа ќе мораат задолжително сами да прибавуваат одредени докази, а граѓаните за тоа ќе бидат информирани во посебни обрасци при самото отпочнување на постапката и нашата цел на овие посети е да видиме дали е спремна управата и секако доколку постојат одредени недостатоци и проблеми да им помогнеме да се решат“ изјави Тимчо Муцунски – Заменик министер за информатичко општество и администрација.

Со новиот закон за општа и управна постапка пропишани се глоби во износ од 25-50 евра, насочени кон органите на јавната администрација. Имено на барање на странката вработените во јавната администрација се должни во рок од три дена по прием на барање, да ги набават фактите и доказите за решавање на предметот во спротивно ќе бидат казнети.

„Исто така дирекна глоба е пропишана и за лицето одговорно за донесување на решенија односно овластено или ако нема овластено тоа е функционерот кој раководи со органот на управата односно градоначалникот кој раководи со единицата на ЛС, но овие глоби се мали и дирекни. А во законот за управна инспекција има одредби со кои му се наложува на службеното лице кое раководи со органот или службеното лице кое презема управни во определен рок да ги отстрани недосатоците и ако не ги отстрани во тој утврден рок и ако не ги отстрани тогаш глобите се огромни, за градоначалникот се пд 7.500 – 15.000 евра во денараска противвредност за за службеното лице овластено да донесе решение се движат од 3-6000 евра во денраска противвредност“ истакна Ромео Деребан – директорот на Уравниот државен инспекторат.

Законот за општа управна постапка беше донесен заедно со законот за прекршоци и законот за парнична постапка за надминување на недостатоците со кои се соочуваат граѓаните и за фирмите во управната постапка.