Skip to main content

Загрозен статусот на Охридскиот регион под Унеско

Загрозен статусот на Охридскиот регион под  Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 
unesko

  Доведен под знак прашалник статусот на Охридскиот регион под заштита на Унеско. На последната седница на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Истанбул, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која Охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ваквото нотирање  е чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, алармираат еколозите од НВО  „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион под  УНЕСКО. Со кампања  се крева гласот  за надлежните институции час поскоро да ги преиспитаат сите одлуки за градежни  проекти кои во името на турзимот ќе ги доведат во опасност природните и култруните убавини на регионот. Надлежните  ги игнорираат досегашните апели на домашните еколози да се стопираат сите градежни работи кои задираат во приридните реткости на регионот.   

унеско„ Нас не иритира тоа што ,  во очи на донесување на оваа одлука на УНЕСКО, во моментов  е во финалната фаза  за измена на планот за Галичица што подразбира изградба на експресен пат, ски центар и три туристички зони меѓу кои и онаа на Субрата Рој. За тие три проекти најмногу забелешки се дадени од УНЕСКО, дека ќе ја нарушат визуелноста,  драматичниот пад на Галичица кон езерото поради што е прогласена за природно наследство на УНЕСКО, а ние продолжуваме со спроведување на овие проекти“ истакна Александра Бујароска од невладината „Фронт 21/42“.

Активистката на Фронт 21/42, Бујароска посочува дека сетоа ова се случува затоа што во најголем број луѓето не се информирани дека Македонија има рок до февруари 2017 да ги отстрани забелешките нотирани од Комитетот на УНЕСКО. Луѓето не знаат што се планира на Галичица и околу езерото и колку ќе не чини спроведувањето на тие проекти. Целта на оваа кампања е да се запознаат сите граѓани, бидејќи ова не е само наше богатство, туку светско културно наследство“ напомена Бујароска.

унескоКампањата почнува од Охрид, а ќе продолжи и во 10- тина поголеми македонски градови со што еколозите ќе ги запознаат граѓаните со  разорното влијание на проектите во регионот,  а ќе бараат акција од народните претставници во Парламентот, вели Миа Лозановска од „Фронт 21/42“.

„ Бараме од пратениците да се иницира расправа во Собранието со цел имплементација на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион,“ истакна Миа Лозановска.

За да се подигне свеста кај јавноста  изготвени  се 10.000 картички.Тое ќе бидат потпишани и  испратени до пратениците во Собранието. Со овој  чекор  граѓаните ќе побараат мораториум за штетните проекти на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица.