Skip to main content

Прв пат на „Охридско лето“ гостува националниот театар од Букурешт

Вечерва во предворјето на црквата „Св Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде изведена, театарската претстава „АртОркестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру. Оваа претстава најавена е како хумористична приказна во која тројца ликови се борат на непредвидливата патека до сцената.

 |  Николоска Биљана  | 

Прв пат на Охридско лето настапува букурешкиот театар „И.Л. Карагиале“. Претставувајќи ги младите актери, селекторот на драмската програма, Ѓорѓи Јолевски, изјави дека овој проект на публиката ќе ѝ понуди неповторливо доживување и ќе внесе свежина во драмскиот дел на фестивалот. Додаде дека, претставите на младите театарски уметници носат новина и уметнички визии што поретко може да се видат во класичните изведби, така што полетноста и креативноста се главниот сегмент на програмата „Младо театарско охридско лето.

 „Арт оркестра“ на познатиот режисер од Романија Хорија Суру, кој за жал во моментов не е овде, е претстава која што е без текст и е варијација на виртуазна актерска и музичка партитура на тројца актери на сцената која ќе се случи во предворјето на црквата Св Софија денес на 28 јули на 56 издание на „Охридско лето“ – вели Јолески.

Јону Скорпач, уметнички консултант во букурешкиот национален театар, изјави дека вечерашната театарска претстава е дел од заложбите на куќата преку соодветен проект да ја обнови својата театарска понуда.

„Младите генерации на уметници, режисери, сценографи се обучуваат околу 6 недели пред да настапат на сцената имаат од 3-5 бесплатни настапи и ако Советот на националниот театар во Букурешт го оцени како добар тогаш тие влегуваат во програмата на театарот“

Жанрот на вечерашната претстава не може да се каже дека е концерт, музичка драма, ниту импровизација или актерска игра, тоа може да се каже дека е шоу на тројца актери и 20 други партнери. „АртОркестра“ го преобразува концертот во целосна театарска претстава каде дејствата зад сцената се поспектакуларни отколку дејствата на сцената.

„Мило ми е што сум тука благодарам за поканата, ми се допаѓа Македонија Охрид и се надевам дека ќе уживате во нашето шоу. 05:39+6:51 „Режисерот ја адаптира оваа драма на одреден специфичен романски регион кој е многу близок до македонскиот начин на размислување“ 

Хорија Суру се смета за еден од најплодните млади романски режисери. Добитник е на бројни награди во земјата, а во текот на неговата творечка дејност престојувал и надвор од својата земја во САД, Франција, Белгија и Шпанија. Хорија Суру од 2014 година е и коосновач и уметнички директор на театарот „Греј плеј“ во Романија.