Skip to main content

Нови пронајдоци кај Горна Порта

Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.
– Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега откри 85 гроба од кои 12 гроба кои датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од 3-2 век п.н.е., а останатите се од османлискиот период од периодот на 15 до крајот на 18 век, информираат од министерството за култура.Во гробниците од македонско–хеленистички период кои се со гробни конструкции од необработен камен, досега пронајдени се најразлични прилози карактеристични за периодот на погребување како керамички амфори, калапени чаши, делови од војничката опрема- копја, ножеви, накит-златни обетки со негроидни глави и со претстави на ерос, гердани со мониста од стаклена паста, привезоци, фибули и прстени, а во три гроба се пронајдени и бронзени садови.Од периодот на доцната антика откриени и истражени се 11 јами и дел од рустикален објект, а пронајдено е поголемо количество византиски монети, неколку сребрени венецијански грошеви и една сребрена монета на кралот Волкашин. Гробовите од османлискиот период пак се главно со христијанска ориентација и во нив се пронајдени бронзени копчиња, обетки, срма, а зачувани се и делови од органски материјали-кожни обувки, дрво.