Skip to main content

Втор ден на „Охрид крафт експо“

Занатчиите од градов имаат можност три дена на плоштадот кај стариот чинар, да ги изложат и на потрошувачите им ги понудат  своите уникатни ракотворби.

 |   | 

Прво издание на манифестацијата „Ohrid craft expo“. Викендов, на плоштадот „Крушевска Република“ занатечиите од градов имаат можност да ги изложат и на потрошувачите им ги понудат своите уникатни ракотворби. Станува збор за манифетација која има за цел да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата. Учесниците на првото издание на Охрид Craft Expo задоволни од интересот, бидејќи на овој начин традиционалното занаетчиство, станува дел од алтернативните форми на туризмот, додека промоцијата на туристичките производи, директно придонесува кон збогатувањето на туристичката понуда на градот.

„Ја поздравувам иницијативата на Општина Охрид и на Регионалната занаетчиска комора кои се сетија да започнат една ваква манифестација каде рачно изработените производи можат да бидат видени.0.54 (лепи) 0.58„ова е одличен начин за промоција на работата која ја работиме преку целата година и сметам дека вакви типови на нманифестации би требало да се организираат многу почесто.Од теков на денешниов ден и првата вечер сум задоволен, засега беше добро, па ќе видиме за понаатака.Сум задоволен од посетеноста, нели се мисли дека ова е скоро последен викенд.Ова е прекрасен начин за претставување, поготово на нас ракотворците,меѓутоа сметам дека ваквите случувања би требало да се организираат во самиот ек на сезоната, не вака при крај на лето.Задоволни сме од ваквата организација, треба почесто да се организираат вакви изложби на рачно изработени производи, сме задоволни, има интерес кај граѓаните и кај наши и кај странци.“

Искусните занаетчии ги изложија и нудат дел од своите уникатни ракотворби. Рачно изработени сувенири, свеќи, накит, филигран, бакрорез, украси и декоративни предмети се дел од богатата занаетчиска понуда. Велат дека кога станува збор за продажбата подеднаков интерес за купување на нивните производи покажале и домашните и странските туристи кои деновиве се во Охрид.

„Во нашата држава мислам дека не се ценат многу ракотворбите, мислам дека повеќе странците ги ценат, не знам дали е заради парите или не знам зошто. Нашите се заинтересирани за купување на нашите рачни изработки, тоа се покажува секоја година се повеќе, зошто кога ќе го купат нештот го користат неколку години. Сепак странските туристи, се многу повеќе заинтересирани за нашите изработки, меѓутоа и македонските туристи.Интересеот е мислам подеднаков и кај домашните и кај странските туристи, но за џебот тоа е малце да се позамислиш затоа што навистина треба труд време за да се направи ва што се прави.“

Доколку ја цените рачната изработка можете денеска и утре на плоштадот кај Чинарот да разгледате и да уживате во се она што изработиле вештите раце на охридските занаетчии, да пронајдете нешто за себе или да изненадите некој близок со уникатен подарок.